Деновиве, работните екипи на ЈП „Градски Гробишта” Охрид по налог на Локалната Самоуправа и Фондот за комунален развој извршуваа работни зафати на неколку локации низ градот.
- Извршен е ископ на канали во кругот на Градските Гробишта и тоа на источниот, западниот и северниот дел околу парцелата, со цел заштита од поплави.
- Извршена е санација на ѕид од камен на ул. Григор Прличев во должина од 5,4m и висина од 1,5m.
- Извршено е поплочување со бекатон плочки во населба Охридати на површина од околу 150m2.