Конечно дојде и тој момент во Македонија да завладее демократијата. СДСМ како наследник на некогашната комунистичка партија во моментов ја одигра најдемократската улога како вистинска европска левица во која несомнено влегоа луѓе од различни етнички и верски заедници. Влегоа луѓе кои Македонија ја доживуваат како современа европска модерна држава. Застанаа цврсто врз своите непоколебливи и храбри идеи да го урнат и последниот бастион на тоталитризмот на Балканот, режим и едноумие кое беше завладеано во последните десетина години во Македонија, а донесе само изолираност, страв и беда кај македонските граѓани. Ги подели на наши и ваши, на патриоти и предавници, почна да копа по античкта историја и да ја величи антиката, преточена во криминалниот проект Скопје 2014, која нема ама баш никаква врска со современата македонска држава, со што ги иритира речиси сите соседни држави, а направи црн хумор кај високоразвиените европски држави и државите од другите контитенти. Но најважното доаѓа допрва. На Македонија не и е потребна само стабилна и квалитетна левица која се подготвува да ја води државата во наредниот период. На Македонија и е потребна уште појака десница, како конструктивна опозиција. Проблемите и кризите кои Македонија ги доживеа во последните 26 години со транзицијата, наголем корен влечат од националните партии кои направија само раздор кај народот. Ако ја земеме ВМРО ДПМНЕ како првата десничарска, национална и демохристијанска партија која најповеќе придонесе за осамостојувањето на Македонија, вистинската улога си ја одигра токму во раните 90 години, па се до крајот на 90. Најголемиот проблем во Македонија е тоа што таа партија од национална, за што си ја заврши својата улога, со своите демократски промени кои ги доживеа во 2002 година, наместо да прерасне во граѓанска, дозволи во неа да се инфилтрираат криминалните структури од сиот политички естаблишмент, па дури и од комустичкиот режим од бившата Југословенска држава, поточно од УДБА, кои и партијата и државата ја разнебитија во секој сегмент. Криејќи се зад лажниот патриотизам и четирите свети букви на ВМРО, успеаа да навлезат во секоја пора на човечкото живеење, контолирајќи го умот на мнозинството граѓани, а се во полза на поединци. Благодарение на високата свест и храброста кај редефинираната СДСМ, конечно се сруши тронот на моќниците кои преку ДПМНЕ беа контролори на се во државата и за да се спасат себе си и се она што незаконски го стекнаа овие години врз грбот на народот, ја фрлија и последната карта, националната карта, со која преку нивните платеници од т.н. здружение за Заедничка Македонија сакаат да докажат дека Македонија е само на македонците, со своите гнасни говори го индоктринираат сето друго немакедонско население, се со цел да го поттикнат да излезе на улица како би предизвикале национална граѓанска војна. Со сите овие постапки повеќе од јасно е дека колку и да се консолидира партијата ДПМНЕ (ВМРО одамна кај нив не постои), повеќе таа партија ниту може, ниту смее да биде водечка десница во Македонија. Тоа не значи дека Македонија повторно ќе се врати во едноумие. Обединети за Македонија како партија која е основана во 2009 година од страна на г-динот Љубе Бошкоски, пред се поради неговото отсуство по белосветските и домашните зандани а се докажа дека беше неправедно осудуван, партијата помина низ многу турбуленции, врз партијата и членството се вршеше секаков терор, се со цел истата да исчезне од политичката сцена, но партијата опстана, а сега посебно откако нејзиниот претседател е тука, меѓу граѓаните, Обединети за Македонија стана епитет за една модерна десничарска европска партија, која со самото име Обединети за Македонија има за цел да ги обедини сите граѓани на Македонија кои се десно оринетирани, без оглед на верската и национална припадност. Некој ќе рече зошто, кога партијата ги ужива идеалите на историското ВМРО, Па токму поради тоа, во борбите кои историското ВМРО ги водело за ослободување на Македонија учествувале борци од сите етнички заедници. Доволно е да се сетиме само на Илинденското востание. Иднината на Македонија е во европски и граѓански леви и десни сили, преточени во партиите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Обединети за Македонија, кои се на вистинскиот пат да ја однесат Македонија токму таму каде што и е местото, во семејството на Европските држави, штитејќи ги националните интереси, унитарноста и целовитоста на Македонија. Македонија држава на сите граѓани. Да живее ЕВРОПСКА МА
КЕДОНИЈА.
Претседател на Обединети за Македонија ОК Охрид , Владимир Каневчев.