КОНКУРС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ

КОНКУРС
за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви за:
oсновни познавања од електро струка, основни познавања од машинска струка, кроење и шиење,  пекари и сметководители
за невработени лица од Општина Охрид

Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2017 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за: oсновни познавања од електро струка, основни познавања од машинска струка, кроење и шиење, пекари и сметководители.

I.   Услови за доделување бесплатен курс
Предност на пријавување за овие курсеви имаат лицата кои се со статус на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Охрид, евидентирани како лица кои активно бараат работа.

II. Начин на пријавување
Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните образци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk

Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:

1.   Потврда дека е невработено лице;
2.   Изјава за лични податоци;
3.   Изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не посетува таков курс од друга институција или фирма.

III. Рок на пријавување
Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: Општина Охрид, ул. ,,Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви” за невработени лица од Општина Охрид“ или во Архивата на општина Охрид
Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.