И оваа 2017 година продолжува традицијата на одржување на „Матурската парада“, во која учество ќе земат матурантите од четирите средни училишта од Општина Охрид.
На 19 мај точно во 12 часот, на градскиот плоштад Св. „Климент Охридски“ матурантите повторно ќе го танцуваат матурскиот квадрил, со своите врсници од шеесетина градови на Централна и Југоисточна Европа. На овој начин заеднички постепено, заедно со младите од година во година создаваме нова традиција во одбележувањето на матурирањето, што е во согласност со стремежите на младите за меѓусебно поврзување околу една заедничка идеја.
„Матурската парада 2017“ во Општина Охрид се организира по единаесети пат.