Вработени во секторот за туризам при Општина Охрид организираа Традиционален ифтар со кригли пиво , во светиот месец Рамазан .
Рамазан е деветти месец во исламскиот календар. Тоа за исламските верници е свет месец бидејќи во него почнало објавувањето на Куранот.
Рамазан е време на пост , молитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болните.
Рамазан е еден од петте столбови од исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување.