Дивите продавачи продолжуваат со продажбата на сувенири , текстил , охридски бисер , сребро и сите овие Брендирани производи можете да ги најдете на недозволено место за продажба во плоштадот на Крушевската република – околу стариот чинар.
Општина Охрид на 21.04.2017 год. Објави оглас за издавање на времено користење на површини за поставување урбана опрема и тоа за сладолед 24 локации , книги 6 локации , сувенири 48 локации и уметнички слики 5 локации .
Ниту една локација за сувенири , книги , уметнички слики не е предвидено да се лоцираат на плоштадот Крушевска република околу стариот Чинар .
Некои од дивите продавачи имаат дозвола за поставување урбана опрема во Студенчишта а се поставуваат околу чинарот , околу градскиот плоштад и таму каде што ке посакаат. Некои од ним се поставуват пред Бутиците , Кафетериите итн. и покрај пријавите на охридските трговци во Охридскиот инспекторат ништо не се презема.
Дивите продавачи продолжуваат да продаваат од места каде што не е предвидено поставување урбана опрема и истите не се обврзани да плакаат кон општина Охрид комунална такса и закуп на локација.
Зошто Општина Охрид не презема никакви мерки против овие диви продавачи кои штетат и на општината и на сите охридски трговци кои уредно си плакаат 12 месеци во годината .
Во охридската јавност се шпекулира дека Општина Охрид и н.н. лице на одредени поединци им даваат таква можност да поставуваат тезги и за истите да наплакаат но парите не оделе во касата на општината . Овие информации не се знае колку се веродостојни а за нивната веродостојност само времето ке покаже.
Следат фотографии кои беа објавени во веб страната на општина охрид и на огласна табла пред општината во ним можете да видите каде се е предвидено да се постави урбана опрема .