Собрани потписите за независната листа за советници на Египканите

Со голема подршка и околу 400 потписи собрани за независната листа од Арбен Демироски Бено во првите 24 часа го остваривме законското право за учество на престојните локални избори, кои ќе се одржат на 15 октомври 2017. Во оваа прилика сакаме да се заблагодариме на сите кои не поддржуваа во изминатиот период .

Самиот факт, на собирање на потребниот број на потписи за толку краток период уште во првите 24 часа  ја потврдува нашата рамноправна позиција со другите политички субјекти.

Листата се состои од млади лица кои во просек имаат 24 години и истите се високо образовани и студенти .

  • Задоволен сум од искажаната желба на Египканите да дојдат да се потпишат за Египканец прв на листа. – Арбен Демироски – Бено.