На 12.10,2017 година, кандидатот за градоначалник, проф. др. Јован Стојаноски заедно со претседателот на ОК на СДСМ г-динот Томислав Тунтев, го посетија штабот на коалициониот партнер Обединети за Македонија, општинска организација Охрид, каде со потесното раководство и членсто од Охрид, предводено од претседателот на Општинската организација, г-дин Владимир Каневчев разменија мислења и ставови и ги согледаа предизборните активности, непосредно пред Локалните избори. Се усогласија и за завршните активности, пред утрешниот голем Митинг на Коалицијата предводена од СДСМ, се со цел успех и убедлива победа на Коалицијата на престојните Избори, со акцент истите да бида одржани во фер, мирна и демократска атмосфера