РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГРАЃАНСКИОТ И НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски  денеска ја оствари својата прва работна средба  со претставници  на Здруженијата на граѓани  од областа на  спортот, културата и млади и со претставници на  други невладини организации.

Првиот човек на градов пред присутните  ја претстави својата  визија и начинот за работа со  здруженијата и организациите, а тие ги доставија своите предлози, иницијативи, програми  и планови за работа за 2018 година. Се дискутираше и за можните решенија на проблемите  со кои тие  се соочуваат во текот на работењето.

На крајот на средбата беше заклучено дека дел од предложените активности  на овие здруженија ќе  бидат дел од програмите за работа на надлежните сектори при општина Охрид.