Кривична за лице од Охрид поради бесправно градење

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишниот Г.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Пријавениот Г.Н од 14-ти до 16-ти октомври оваа година изградил хала, без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен орган, на имот во село Подмолје, во сопственост на лицата Т.З. и Т.Н. од селото Оровник, и на приватна фирма од Охрид, информираат од МВР.