Поради стартот на летната туристичка сезона во месеците јули и август ќе има прекин на
градежните активности и пополнување на ударните дупки низ централните улици во Охрид.
Во овој период активностите ќе се реализираат во периферните градски улици.
Деновиве Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при Општина Охрид работи на
пополнување на ударните дупките на улицата “Момчило Јорданоски“ во близина на населбата Бараки и
истата се очекува да заврши на крајот од оваа работна недела.
Во изминатиов период веќе се пополнети дупките на улиците: “Гоце Делчев“, кеј “Маршал Тито“,
“Димитар Влахов“, “Партизанска“, “Јане Сандански“, “Абас Емин“, “Васил Стефоски“, “Аџи Мустафа“,
“Бекир али Риза “, “7-ми Ноември“, “Питу Гули“, “Никола Петров- Русински“.
Со проектот за пополнување на ударните дупки е предвидено асфалтен материјал да се стави на
површина од околу 1 500 квадрати.