ОТВОРЕНО ПИСМО:НУЖНА ИЗМЕНА НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК-Р.МАКЕДОНИЈА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ЗАГАРАНТИРАНИ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ЗА ПОМАЛИТЕ ЕТНИКУМИ

Во отсуство на политички субјект, кој ке ги застапува интересите на етничката заедница на Египканите во Р.Македонија, потребно е, час поскоро, постоечките и активни НВО ОРГАНИЗАЦИИ НА ЕГИПКАНИТЕ да бараат измена на Изборниот Законик, со тоа што Р.МАКЕДОНИЈА да биде Една Изборна Единица и паралелно со тоа да се обезбедат ЗАГАРАНТИРАНИ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ЗА ПОМАЛИТЕ ЕТНИКУМИ.
НВО ОРГАНИЗАЦИИТЕЊ НА ЕГИПКАНИТЕ, ке треба, час поскоро да испратат Барање до сите парламентари партии, а се со цел , измена на Изборниот Законик, каде ке биде предложено Р.Македонија да биде 1 изборна единица, и да се обезбедат загарантирани пратенички места за помалите етникуми, а тоа е правно основано и изводливо, имајки го во предвид фактот дека бројот на пратеници согласно Уставот на Р.Македонија може да биде од 120 до 140 пратеници. Во интерес на институционалната интеграција како и во интерес на демократските принципи и начела, корекно е државата на своите лојални грагани, кои се припадници на помалите етнички заедници, а особено оние кои не се спомнати во Уставната Преамбула, да им овозможи на непосреден начин, нивни преставници да се залагаат за нивните права во Законодавниот Дом,.Тоа, според Далип, би бил еден потег на валоризација и подршка на моделот на Парламентарната Демократија, како и градење на едно фер општество за сите грагани на Р.Македонија.На Локално ниво , треба да се имплементира чл.59 од Законот за Локална Самоуправа , кој гласи:Застапеност на заедниците при вработувањето.

При вработувањето, во Општинската Администрација и во јавните служби која ги основала општината ке се води сметка за соодветна и правична застапеност, на граганите кои припагаат на сите заедници застапени во општината на сите нивоа, како и почитување на критериумите на стручност и компетентност. Неимплементацијата на овој член од Законот за Локална Самоуправа, повлекува и своја одговорност, а уште повеке ако се има во предвид фактот дека и Охрид и Р.Македонија во суштина се мултиетнички, мултикултурни, хетерогени општества, кои имаат за цел да бидат дел од севкупните интегрирачки процеси. Ноторен е и фактот, дека Египканите во Охрид, Струга , Ресен, се фундаментален и суштински дел од едно хетерогено општество, и нивната институционална интеграција преставува репер дека навистина сакаме да ги запаземе демокртаските вредности и принципи, додека игнорирањето на овие процеси, е само репер на ретроградни процеси. Колку е силна и демократски ориентирана една држава, се отсликува од нејзиниот однос кон немнозинските заедници, маргинализираните и неинтегрираните, а сите горенаведени карактеристики за жал, ги има етничката заедница на Египканите. Веруваме во едно рамноправно општество, општество на рамноправни грагани , со фер шанса за сите….