Во рамки на работната посета на Народна Република Кина, градоначалникот Никола Бакрачески вчера го посети збратимениот град на Охрид, Далиан. Притоа, беа остварени неколку работни состаноци со претставници на Локалната власт по што следеше и работна средба со директорот на државната телевизиска куќа во Далиан, Ванг Веј и заменик директор и уредник на информативната програма Ју Јанг. На средбата беше договорено гостување на нивна професионална екипа во Охрид со цел изработка на промотивна репортажа за нашиов град која понатака неколку- кратно ќе се емитува на голем број телевизиски
Во рамки на вчерашната посета на кинескиот град Далиан, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претседателката на Советот Гордана Коњановска беа на прием кај заменик директорот на Постојаниот совет на народниот конгрес на Далиан , Чен Ли Мин. На средбата беа разменети мислења околу интензивирање на соработката меѓу двата града, Далиан и Охрид а беше ветена и помош од кинеска страна за промоција на туристичката понуда на Охрид на кинескиот пазар.