Зоран Милески Кичеец и Жељко Јоксимовиќ нови кумови на Водици

Денеска здружението на граѓани „Богојавление“, официјално ги избра новите кумови на Водици 2015 во Охрид. Тоа се балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески.

На свеченоста присуствуваше бизнисменот Милески, кој четири пати до сега аплицирал за кум на Водици во Охрид. Тој изрази благодарност за укажаната чест и најави дека заедно со неговиот пријател Жељко Јоксимовиќ, кој не присуствуваше на официјалната промоција, ќе ја продолжат убавата традиција на кумство за празникот Водици во Охрид.

-Јас како дете имам скокано по крстот. Веќе четири години нанзад конкурирам за кум на Водици и почестен сум што денеска го добив конечно кумството за празникот Богојавление заедно со мојот пријател Жељко Јоксимовиќ. Посакувам многу здравје и среќа да го прати моето семејство.-рече новоизбраниот кум Милески.