КАРОЛИНА ГОЧЕВА ЗА ВОДИЦИ ЌЕ ПЕЕ ВО ОХРИД

Годинава  празничната програма посветена на празникот Богојавление – Водици ќе биде распоредена во четири дена.   Во збогатувањето на туристичката понуда покрај традиционалната церемонија на фрлање на светиот крст во водите на охридското езеро и денот на рибарите , ќе бидат организирани и попратни забавни содржини. Општина Охрид ќе го помогне организаторот на манифестацијата  Здружението Богојавление – Водици.

Македонската поп ѕвезда  Каролина Гочева ќе  одржи  солистички концерт  во рамки на централната прослава  посветена на празникот Богојавление – Водици во Охрид.  Каролина ќе изведе композиции од својот последен албум   „ “Македонско девојче 2“, изјави раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко  Апостолоски.

За празнувањата за Водици, 17 хотели креираа празнични аранжмани со попусти од 30 до 50 %. Спиење со доручек во зависност од категоријата на хотелот и дали сместувањето е во едно  и двокреветна соба ќе чини од 10 до 25 евра. Повеќе ресторани и угостителски објекти за време на богојавленските празнувања своите услуги ќе ги водат со попусти од околу 30 %.