Во последните неколку години , забележано е драстично зголемување на бројот на питачите во Р.Македонија кои освен во летната сезона од годината, во Охрид често ги забележуваме и пред празничните периоди. Питачите од Ромска националност дојдени од Битола главно “работат” пред црквите,џамиите, банките, шетајќи низ чаршијата и плоштадот но она што најмногу ги иритира охриѓани и туристите во Охрид, е секојдневното вознемирување додека пијат кафе во некој градски локал.
Под чија надлежност потпаѓа одговорноста за обезбедување на јавниот ред и мир, и дали за овие така наречени “граѓани” важат правилата за пријавување на привремено живеалиште/престојувалиште во друг град, и дали некој тоа го проверува?
Планира ли охридската полиција да интервенира во овој случај, да преземе потребни мерки и методи за да ги спречи евентуалните и несакани консеквенции од секојдневното вознемирување на граѓаните , како и од агресивното однесување на питачите – останува нерешена дилема .
Фотографија направена пред влезот на Охридска Банка