Категорија Охрид

Забрана за паркирање во центарот на Охрид – доаѓа Виктор Орбан

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности. Полициската станица за безбедност…

Пронајдена и одземена марихуана од охриѓанец

На 24.09.2024 во 18.45 часот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го приведоа  лице на (20) г  од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

ТЕАТАР ХИТ ОД СКОПЈЕ СО ПРЕТСТАВАТА „МЛАДИОТ ЧОРБАЏИЈА“ ЌЕ ГОСТУВА ВО ОХРИД

Во рамки на циклусот културни настани за деца што ги организира Општина Охрид, овој петок  на сцената кај ТЦ Амам со почеток во 18.30 часот ќе се одржи претставата „Младиот Џорбаџија“   во изведба на актерите од Театар Хит – Скопје.…

Виктор Орбан доаѓа во Охрид во четврток и петок заедно со делегација од унгарската влада

На 26 и 27 септември во дводневна официјална посета на Република Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската влада. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствари официјална тет-а-тет средба со неговиот унгарски…

Клековски за Сител: Директор без документ си користел патни трошоци од 500.000 денари, друг си зголемил плата за 400.000

Злоупотреби на плати и надоместоци во здравствените установи биле констатирани со години наназад, но никој не реагирал, и сега со вонредните контроли утврдивме такви состојби, рече вчера во Дневникот на ТВ Сител го изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување,…

Повик до граѓаните за подарување архивски материјал во Државниот архив

Државниот архив на Република Македонија во интерес на имателите и истражувачите од државата и странство постојано презема активности за откривање и евидентирање на архивските материјали што се наоѓаат во приватна сопственост. Во таа насока, денеска ги повика сите граѓани кои…

Градоначалникот оствари средба со победниците Димитар Пејчиновски и Коста Трифуноски

После успехот на државното првенство во текбал оддржано во Скопје, денес ги примив победниците во поединечна конкуренција и во конкуреннција во двојки, Димитар Пејчиновски и Коста Трифуноски. Разговаравме за идните планови поврзани со овај спорт, отворање на текбал клуб во…

ЗАПОЧНА 15 МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДРУШТВОТО НА ФИЗИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА

Денес во Конгресниот центар во Охрид, започна четиридневната Меѓународна Конференција на Друштвото на физичари на Македонија. Во  името на градот домаќин,  пред присутните се обрати заменик градоначалникот Ана Крстеска. На конференцијата учествуваат над 80 реномирани научници од Македонија и светот.

Нема вработување по етничка припадност додека уставен суд не одлучи дали балансерот е уставен

Уставниот суд денес ја прифати иницијативата на Антикорупциската комисија да се укине балансерот, односно вработувањата во јавниот сектор по етничка припадност. Мнозинството уставни судии гласаа „за“ иницијативата да се разгледува, додека против беа судиите Осман Кадриу, Фатмир Скендер и Насер…

Пецаков: Средствата во износ од 133 000 денари од хуманитарните паркинзи ги донираме за Мухамет Максуд и Здружението на дијабетичари

Средствата во износ од 133 000 денари кои изминатиов период се собраа од хуманитарните паркинзи ги донираме онаму каде што е најпотребно.Дел од овие средства, односно 80 000 денари ги донираме на 21 годишниот Мухамет Максуд кај кого е неопходна…