Од 04.09.2026 год. (петок) започнуваме со реализирање на есенскиот циклус од Календарот за 2026 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.
Ј.П.,,Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 04.09.2026 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од У.З.1 Стар Град.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 04.09.2026 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944.





