НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА УЛИЦАТА „СПАС БАНЏОВ“

Екипите на ЈП „Водовод“, денеска започнаа работни активности за поставување на нова водоводна линија на улицата „Спас Банџов“.Според планираното, старата и дотраена водоводна инсталација ќе биде заменета со нова во должина од 171 метар со цевки со димензии ф110мм, ф63мм и ф25мм.

Овој проект е дел од годишната програма за водоснабдување на Општина Охрид и за оваа намена од општинскиот буџет се обезбедени 910.759 денари.