Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, јавно го осуди насилниот настан што се случи во градот во текот на вчерашниот ден, изразувајќи згрозеност од инцидентот и повикувајќи ги надлежните институции на брза, ефикасна и правична постапка.
Во своето обраќање, Пецаков истакнува дека ваквите настани не се одлика на Охрид и дека насилството не смее да има место во градот.
Тој јавно се огради од ваквите појави, нагласувајќи дека стои на страната на правдата и законот.
„Насилство не е решение!“, порачува градоначалникот.
Пецаков воедно укажува и на потребата од законски измени во однос на постапувањето и третманот на лицата кои вршат насилство. Според него, насилните случаи од овој карактер во изминатиот период се показател дека е неопходно итно преиспитување на законските решенија и воведување поинаков пристап кон насилниците.





