СВИКAНА ПЕДЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТТАТА
СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ педесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден  30.10.2020 година (петок ) со почеток во 14.00 часот.

Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација во  14:00 часот.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Предлог – Одлука  за давање на трајно користење на  недвижен имот, сопственост на општина Охрид на ЈП Градски Пазар  Охрид.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД