ЈП „Градски Гробишта“ од Охрид денес добило решение за поставување на опрема за фотовалтична централа која од сончева светлина ќе прави струја. Инвестицијата која е околу 20 000 евра е од сопствени средства на претпријатието, а првите фотовалтични соларни панели ќе се поставени на кровот од ресторанот за задуши кој е во гробиштата.
Директорот на претпријатието по чија идеја се прави оваа инвестиција вели:
“Нема да застанеме тука. Од како ќе го покриеме ресторанот планираме да изготвиме проект за покривање со сончеви панели на паркингот. Паркинг просторот пред нас е огромен и има голема површина која според анализите можеме да стигнеме до над 500 киловати електрична енергија“ – изјави Ванчо Костоски директор на охридските гробишта.
Градски Гробишта е прво и засега единствено јавно претпријатие кое сончевата светлина ќе ја претвора во електрична енергија.