Наставата на далечина во Прилеп и во земјава се одвива успешно и со солиден квалитет. Над 90 насто од учениците се вклучени во онлајн-наставата, а другите што не можат, следат преку телевизија, рече министерката за образование и наука Мила Царовска која денеска беше во Прилеп за да се увери во текот на комбинираната настава и да присуствува на донирањето 100 таблети за прилелпските и битолските ученици од социјално ранливи семејства.
– Констатиравме дека онлајн-наставата солидно квалитетно се одвива, а онаму каде се одвива со физичко присуство, од прво до трето, па и до петто одделение, се одвива со сите протоколи за заштита и нема драстичен број на позитивни случаи на коронавирусот. Така е на целата територија на државава. Има над 90 отсто успешно одвивање и следење на онлајн-наставата. Поточно процентот стигна до 90,2. Ова укажува дека само за еден месец воспоставување онлајн-настава во нашава држава, имаме повеќе од 90 проценти ученици кои следат соодветно и наставници кои соодветно одржуваат настава. За останатите девет проценти се следи настава преку телевизија, благодарност до МТВ што овозможи 15-минутни часови на телевизија, како и со достава на материјали. До 20 ноевмри ќе биде оценувањето на знаењата од првото тримесечие и сите предизвици ќе бидат пресретнувани. Одлично се справуваме со ситуацијата и уверена сум дека ќе имаме успешна учебна година, изјави Царовска.
Мнистерството за образование и наука со општините и училиштата отвори дискусија и секој треба да реши на ниво на општина и на ниво на колектив дали онлајн-наставата наставниците ќе ја одржуваат од училиштата или од дома. одлуката се очекува до 15 ноемвври.