СЕ ПОЛНАТ БОЛНИЦИТЕ ВО ОХРИД И СТРУГА

Одделението за нервни заболувања во Охрид се приспособува за  прием на пациенти заболени од Ковид-19 .Инфективниот оддел ,геријатрија ,хируршко и интерно се полни со хоспитализирани лица, моментално во болницата има 71 пациент додека на кислородна подршка се 15 а срцево болните кои се позитивни се препраќаат во Kардилошкиот завод.

Се полнат болничките легла и во струшката болница од каде најавија дека за лекување на болните од Ковид-19 се преадаптира детското одделение.

Сите здравствевни установи во Охрид да помогнат во лекување на сѐ поголемиот број заболени од ковид-19, е одлуката на последниот состанок на Кризниот штаб на општина Охрид по вчерашните 49 новозаболени. Бројот на хоспитализирани во Охридската болница моментално е 80 пациенти, со што болницата скоро ги исполни сите предвидени легла за ковид-болните.

Се прават нови преадаптации на одделенијата, но тоа нема да е доволно ако бројот на позитивни и понатака расте. Ковид-центар од денес ќе биде и Нервното одделение, а срцевоболните се препраќаат во Заводот за кардиологија „Свети Стефан“.

„Во зависност од ситуацијата ќе иселуваме одделни оддели. Во Охрид имаме огромен број позитивни пациенти кои доаѓаат. Наше е како болница да ги згрижиме сите потешко болни пациенти“, вели Горан Балев, директор на болницата во Охрид.

И во Струга состојбата е загрижувачка. Моментално има 18 пациенти во болнички услови, со што е исполнето Интерното одделение, па болницата ќе го преадаптира Детскиот оддел.

Имаме план за други одделнија да ги преадаптираме за лекување на корона-пациенти. Кажувам да не се шири страв кај граѓаните на Струга, ние функционираме и ќе работиме по секојдневните потреби на пациентите“, вели Мухамед Асани, директор на Струшката болница.

На состанокот на општинскиот кризен штаб меѓу заклучоците беше истакнато дека доколку се јави зголемена потреба од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти, би можеле да бидат искористени и останатите здравствени објекти на подрачјето на општината.