Со цел спречување на ширењето на Корона вирусот – COVID-19 нашето претпријатие спроведува превентивни мерки со цел зајакнување на заштитата на здравјето на луѓето и одржување на јавната чистота на највисоко ниво. Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес спроведе превентивни активности за дезинфекција на јавните површини во центарот на градот (чаршијата, кејот, детските игралишта, фитенс зони, патеки за рекреација) , потоа главните сообраќајници , во ЈЗУ„Општа болница„-Охрид (влезот во здравствената установа, коловозните површини, тротоарите и сите пристапи кон различните оддели) , пристап кон објекти од витално значење и селата Велгошти, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј и туристички комплекс Свети Стефан.
Со овие активности ќе продолжиме и во наредните денови и ќе бидат опфатени и другите делови од градот и приградските населби.