ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОН-ЛАЈН ОБУКИ ЗА РИБАРСТВО

Амбасадата на Израел задолжена за Република Северна Македонија во соработка со Општина Охрид објавува информација за учество на он-лајн обуки за рибарство на тема „Интензивно одгледување на риби“.

Обуките се организирани од Израелската агенција за меѓународна соработка-МАШАВ и Центарот за земјоделски обуки-МАТЦ и се наменти за професионалци од надлежните институции, универзитетите, истражувачките институти, приватните компании и невладините организации од областа на рибарството.

Оваа серија на предавања има за цел да сподели со учесниците некои аспекти на израелското искуство за развој на секторот за одгледување на риби. Исто така, обуките имаат за цел да создадат рамка за интернет дебата, овозможувајќи им на учесниците да ги проценат можностите за имплементација на новите стратегии и технологии во нивните локални услови.

Он-лајн обуките ќе бидат организирани во периодот од 26.11-17.12.2020 година и ќе се одвиваат на англиски јазик. Сите лица кои се заинересирани за учество на обуките, можат да достават пополнета апликација до Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид на електронската адреса info@ohridler.gov.mk заклучно со 12.11.2020 година (четврток).

Повеќе информации за обуките може да се прочитаат во приложената брошура.

БРОШУРА

АПЛИКАЦИОНА ФОРМA