Сите детски игралишта на подрачјето на Општина Охрид од денеска ќе бидат времено затворени и нема да може да се користат.
Оваа мерка е преземена согласно препораките за заштита од ширењето на Корона вирусот КОВИД 19. Претходно, согласно истите препораки беше извршена целосна дезинфекција на игралиштата.
Се упатува апел до граѓаните да ја почитуваат оваа мерка и да избегнуваат непотребни групирања и на други отворени локации.