ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ОХРИД

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор.

– Почитувани сограѓани ви го честитам 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор и неговите сојузници. Денеска празнуваме и чествуваме за храброста и делата на  сите борци  кои   ги положија своите животи за слободен град.  Пишаната историја го забележала овој датум  како симбол  за градење   слободен, мирен и современ Охрид. Борбата  и пожртвуваност  на нашите претци се наш аманет и завет  дека нивните херојства и жртви нема никогаш да бидат заборавени, а слободата за која се бореле ќе ни биде вечна.

Нашиот Охрид нека ни биде вечен , а ние да се стремиме кон создавање модерен развиен и европски град. Со корисни идеи и успешни општествени проекти заеднички да го доградуваме и осовременуваме.

Нека ни е честит 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид.