ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД КОНТИНУИРАНО ГИ ДЕЗИНФЕКЦИОНИРА ПАЗАРОТ И ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ

Во екот на вториот бран од пандемијата на коронавирус кој во Охрид е повеќе почувствуван отколку првиот, јавното претпријатие Градски пазар врши редовна дезинфекција на пазарот, но и на деловните простории со цел да се заштитат граѓаните кои се посетители на пазарот, како и закупците на тезги и вработените.

-Со високиот стандард на хигиена кој што си го поставуваме како јавно претпријатие,несомнено успеваме да изградиме безбеден пазар како за вработените и закупците во пазарот така и за посетителите.Континуирано се врши дезинфекција на пазарот како и на деловните простории со кои располага претпријатието, а исто така секојдневно се врши мерење на температура како на вработените во претпријатието така и на закупците на тезги во пазарот, велат од претпријатието.