Деновиве пренаменет е дел од Специјалната болница за кардиовскуларни заболувања “Св.Стефан” за пациенти кои ќе се лекуваат од КОВИД 19. Сето ова се должи на се поголемиот број новозаразени во Охрид, кој од ден во ден расте. Како што истакуваат од болницата располагаат со медицински персонал а ќе се примаат лица со полесни форми на КОВИД 19.
Болничкото крило кое ќе биде ковид центар е физички одвоено, располага со триесеттина кревети , има доволно медицинскиот персонал , единствено нема целтрален довод на кислород , но тоа ќе се обезбедува со кислородни боци.
„Како наш приоритет ќе останат пациентите со кардиоваскуларна патологија, а нашиот медицински персонал не треба да зборувам за нивната подготвеност, стручност и професионалност и секако можност да се справат со една ваква нова ситуација“, вели Елена Коваческа Башуроска директор на Специјална болница за кадиологија.
Ваквиот потег нема да се одрази врз пациентите кои веќе се лекуваат во оваа болница од кардиоваскуларни заболувања, бидејќи оваа реномирана болница располага со доволен простор и персонал за редовна работа, без пречки како и досега.
Во болницата за кардиологија месечно се прегледуваат по 1200 пацинети од Југозападниот регион во змејава и има околу 120 оперативни интервенции.