Врз основа на добиените известувања од Агенцијата за храна и ветринарство-Сектор за инспекциски надзор на Република Северна Македонија, Инспекторатот при Општина Охрид упатува известување до јавноста дека водата од водоснабдителниот објект во сопственост на МЗ с. Свиништа, МЗ с. Опеница, МЗ с. Косел и МЗ с. Куратица и водоснабдителниот објект-извор во сопственост на МЗ. с. Речица се забранува за пиење.
Оваа забрана, Секторот за инспекциски надзор при Агенцијата за храна и ветринарство ја издава врз основа на резултатите од лабараториските анализи кои се направени од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид.
Водоснабдителните објекти во горепоменатите села не се во надлежност на ЈП „Водовод“ Охрид и ова јавно претпријатие нема обврска за нивно тековно одржување.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛАТА, СВИНИШТА, ЗАВОЈ, ОПЕНИЦА, КОСЕЛ, КУРАТИЦА И РЕЧИЦА