Охрид доби 40 нови садници од видот Catalpa nana (топчеста каталпа), кои беа засадени во околината на „Билјанини Извори“, во рамки на петтата акција за пошумување „Сончева Гора “.
Активноста е дел од заложбите за унапредување на зеленилото и подобрување на квалитетот на животната средина, а се надоврзува на успешната реализација на еколошката акција „Generalka Weekend“, во која граѓаните на Охрид активно се вклучија во собирањето отпад и подигнувањето на еколошката свест.
Акцијата за садење беше реализирана во соработка со Општина Охрид и претставници на партнерите на проектот.
Благодарение на заедничкиот придонес на официјалните партнери на „Generalka Weekend“, општествено одговорни компании и приватни донатори, годинава се засадени вкупно 5.000 дрвја во 19 општини низ Македонија.





