Георгиевски:Интензивно се одвиваат градежните активности.

🚧Интензивно се одвиваат градежните активности во рамки на големите проекти за реконструкција на сообраќајната инфраструктура во Охрид

➡️На улицата „Абас Емин“ во моментот се работи на реконструкција на атмосферската, фекалната и водоводната линија на предвидениот потег. Се врши тампонирање на дел од коловозот, а на дел од улицата веќе се започнати активности за поставување на нови рабници.🔜Доколку дозволат временските услови се очекува првиот адфалтен слој на улицата, на потегот од крстосницата со улица „Дејан Војвода“ до крстосницата со улица „Охридска Бригада“ да биде поставен до крајот на оваа година.

Ул. 15ти Корпус

➡️На улицата „15-ти Корпус“ во рамки на втората фаза од проектот за реконструкција се работи на уредување на тротоарите и велосипедските патеки од десната страна на улицата. Исто така се изведуваат и активности за поставување на нова атмосферска канализација.

➡️Во моментот се изведуваат и завршни активности за оформување на новата кружна крстосница помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“.

✅Продолжуваме да работиме со несмалено темпо и во текот на наредниот период.

Ул. АБАС ЕМИН