НОВИ ТОАЛЕТИ ДОБИ ОУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Со  финансиска поддршка на Општина Охрид  се реновираа  санитарните јазли  во новата зграда од ОУ „Григор Прличев“ каде предметна настава следат ученици од шесто до деветто одделение. Училишните тоалети се молерисуваа, поставени се нови плочки, ВЦ школки и акцесоари. Во зградата во тек е промена на дограмата на приземјето , а нови прозорци веќе се поставени на првиот кат.

Изминатиов период беа  молерисани  училниците и останатите простории во старата училишна зграда.