На наша огромна чест и задоволство, наградата „НАЈПОСЕТУВАН ОГЛАСУВАЧ“ на страницата „Vrabotuvanje.com.mk“ за 2019/2020 година му припадна на нашиот клиент Костал Македонија. – соопшти порталот.
Наградата беше доделена вчера на онлајн настан, што го организираше Македонската асоцијација за човечки ресурси, а на истиот беа доделени повеќе „HR награди“. Наградата за најпосетуван огласувач ја додели Дарко Велков, сопственик на „Vrabotuvanje.com.mk“, а ја примија Виктор Мизо – генерален директор на Костал и Виктор Дојчиновски – раководител на секторот за човечки ресурси во компанијата.
Изборот за „Најпосетуван огласувач“ го прават посетителите на сајтот, односно најпосетуван огласувач е онаа компанија која има најмногу прегледи на огласите во текот на годината. Костал Македонија е најпосетуван огласувач со импознтната бројка од 111.652 посети. – стои во информацијата.