🚧Започнаа градежните работи на уште еден од низата значајни инфраструктурни проекти, кои оваа година ги реализиравме во Охрид, а тоа е комплетна реконструкција на улицата „Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улица „Момчило Јорданоски“ до пресекот со улицата „Прва Македонска ударна бригада“ кај „Стобекс“.
🔙Оваа улица долги години наназад беше во многу лоша состојба и претставуваше навистина голем проблем за жителите на населбата „Видобишта“.
✅Нејзината реконструкција беше еден од приоритетните сообраќајни проекти во нашата општина и среќен сум што со нејзината реконструкција заокружуваме една исклучително успешна година, во поглед на инвестициите во инфраструктурата.
📌Согласно проектот за реконструкција, на улицата „Марко Цепенков“ предвидена е комплетна обнова и асфалтирање на коловозот, поставување на нови рабници и поплочување на пешачката патека од едната страна.