Во земјата регистрирани се 1406 нови случаи на заразени со Ковид-19, 21 починат, оздравени 937.
Најмногу нови случаи повторно има во главниот град, каде се регистрирани 627 заразени, по што следат Прилеп со 98, Гостивар, 84, Куманово, 73, Тетово, 72, Охрид 57, Велес, 55, Битола 51, Кавадарци 40 Штип 37, Кочани 34, Струмица 30, Виница 20, Струга 17, Ресен 13, Гевгелија, Свети Николе и Неготино по 11, Крива Паланка и Кичево по 10, Радовиш,9,, Крушево и Валандово по 8, Делчево 6, Пробиштип 4, Демир Хисар, Македонски Брод, Берово и Кратово по 2, а Дебар и Пехчево по еден случај.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 937 оздравени пациенти.
Од починатите 21 лице, шест пациенти се од Скопје (77, 64, 74, 81, 73 и 74г), тројца од Штип (84, 70 и 62г), тројца од Прилеп (51, 40 и 55г), еден пациент од Струга (64г), четири од Битола (77, 77, 79 и 74г), еден од Гостивар (72г), еден од Радовиш (70г), еден од Македонски Брод (66г) и еден пациент од Берово (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1255, а активни се 536.