Балевски:Трошиме кислород на дневно ниво како претходно за шест месеци.

Трошиме кислород на дневно ниво како претходно за шест месеци”. Состојбата во охридската болница од ден во ден е се покритична. Хоспитализирани се 104 пациенти позитивни на корона вирус, 40 од нив се на кислородна поддршка, а 10 имаат многу тешка клиничка слика, информира директорот Горан Балевски.

Особено загрижува фактот вели Балевски е што се повеќе се хоспитализираат млади лица, а последните кои починаа беа на 35 и 49 годишна возраст.

Болницата располага со уште четири слободни кревети, а кога тие ќе се исполнат, пациенти ќе се сместуваат во Специјалната болница за кардиологија „Св.Стефан“ која минатата недела отстапи оддел за лекување на пациенти со Ковид 19.

Во Охрид секојдневно се бележат од 40 до 50 новозаболени од вирусот.

Превземено од Вести 24

https://24.mk/details/okhridskata-bolnica-prepolna-kislorodot-na-dnevno-nivo-se-troshi-kako-pretkhodno-za-shest-meseci