„Петарда“ од Охрид за Дрита

Фудбалерите на Охрид запишаа убедлива победа од 5-0 против Дрита од Боговиње.

Охриѓани беа далеку подобар противник на дуелот кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид во рамките од 12тото коло од Втората Лига Запад , сосема заслужено стигнувајќи до убедливиот триумф.

Головите ги постигнаја:

1:0 Бурхан Алији

2:0 Александар Ѓоргиески

3:0 Александар Целески

4:0 Шериф Реџепи

5:0 Александар Целески

Во Среда со почеток во 13 часот ,13то коло Охрид гостува кај екипата на Скопје кој е лидер на Втората лига запад.