Под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска со почеток во 18 часот, ќе одржи протест во Охрид.
Покрај во Охрид, ВМРО ДПМНЕ ќе протестира и во: Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп и Битола.
Овие протести на опозицијата доаѓаат по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската БГНЕС, во која тој коментираше чувствителни историски моменти од периодот на Втората светска војна, што предизвика бура реакции во домашната јавност.
Покрај протести, ВМРО-ДПМНЕ најави дека заедно со другите опозицискии партии ќе побара да се расправа за доверба на владата.
Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси. Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Оставка веднаш! Само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро. – порачаа од ВМРО ДПМНЕ.