ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ ❗️❗️❗️
Со доаѓањето на зимата и ладните денови, ширењето на Вирусот Ковид-19 добива на интензитет. Секако тука како фактор плус треба да се напомене и совеста на нас луѓето.
ЈЗУ Општа Болница Охрид во името на сите вработени , во името на сите граѓани и во името на сите заболени ВЕ ЗАМОЛУВА од петни жили да се придржуваме кон мерките за заштита, да се заштитиме пред сѐ себеси и другите околу нас !
Состојбата е крајно загрижувачка од повеќе аспекти и во повеќе сегменти . Сите сме на крај со своите психолошки, финансиски, социјални и човечки граници.
Нашата национална издржливост зависи само од нас и од нашиот натчовечки напор и нашата совест за да го пребродиме ова зло и што поскоро да го вратиме мирот и спокојството , живеејќи здраво во здрава и спокојна средина.
Заборавете на сите предрасуди, на секакви поделби на политичка или расна основа. Денес сите сме заедно на иста страна од рингот наречен ЖИВОТ. Противникот е наш заеднички непријател којшто може лесно да биде поразен доколку нашата свест ја издигнеме на највисоко морално ниво !