Буџетот за 2021. година наменет на Министерството за транспорт и врски, ќе овозможи навремена реализација на капиталните инвестиции, како и задоволување на потребите на голем број граѓани.
Ова го посочи, министерот на ресорното министерство, Благој Бочварски.
Во изградбата на автопатот Кичево-Охрид досега се реализирани 350 милиони евра од предвидените 600 милиони.
На автопатот Кичево – Охрид се завршени сите репроектирања на делницата. Сите клучки се испроектирани, косините, со ревизија на тој проект веќе имаме голем замав. Во вториот дел од годината имаме шест пати поголем прогрес на работите заради тоа што навистина таму се случуваат обемни градежни зафати и досега имаме околу 350 милиони евра инвестиции на овој автопат од 600 милиони евра коишто се предвидени.
Така што, можам да кажам дека ќе имаме силна динамика и во наредната година, истакна Бочварски.