Уапсен двојниот убиец од Охрид

Уапсен двојниот убиец од Охрид. 31 годишниот Бојан Петрески е уапсен во Албанија откако полицијата по него распиша меѓународна потерница. Петрески се бараше за двојното убиство во клубот Император во Охрид од 21 август, минатата година, кога го уби сопственикот Васил Ристески и неговиот пријател Ромео Ѓузеловски. На двојното убиство му претходела жестока расправија, по што Петрески извадил пиштол и ги убил и двајцата по што побегнал од местото. До денеска полицијата трагаше по него. Од МВР ја потврдуваат инфорамцијата но не откриваат повеќе детали.