Со триесет точки на дневниот ред, советниците денес ја одржаа седумнаесетата седница. Само две точки од дневниот ред предизвикаа повеќе расправа меѓу советниците, а се однесуваа на зголемување на цената на услугите на јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Водовод“. Претставниците на јавните претпријатија ја правдаа ваквата одлука со законската регулатива и препораките на Регулаторната комисија. По повеќе минутна расправа, точките беа усвоени со 16 гласа „за“, 6 против и 1 воздржан.
Останиот дел од денешната седница помина во помирна атмосфера, во која беа донесени одлуки за нови членови во управни и надзорни одбори во шест општински установи. Советниците усвоија и трианесет одлуки од урбанистичката сфера, за вклопување на бесправно изградени објекти.





