Охридска банка уште еднашка покажа дека е општествено одговорна банка, продолжувајќи со поддршка во oвие моменти полни со предизвици, секаде каде што е потребно.
По реализираните донации во здравствениот систем, тие продолжија со поддршка на образовниот систем.
Охридска банка донираше компјутерска опрема во три училишта во Охрид со цел да ја помогне организацијата на што поквалитетна онлајн настава на учениците и професорите.
Продожуваме да помагаме, затоа што веруваме дека ова е битка во која само со здружени сили може да победиме, велат од банката.