Интегрален текст од изјава за медиуми – Кирил Пецаков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија
Почитувани,
СДСМ нема концепт за развој на туризмот и развојот на Охрид и унапредување на заштитата на Охридското езеро, тоа се гледа и од Предлог буџетот за 2021.
СДСМ на чело со премиерот во заминување Заев со ништо не ги помага нуту туристичките работници, кои беа најмногу погодени од КОВИД 19 пандемијата.
Туризмот со СДСМ тоне, а Охрид и охридско ќе бидат заборавени и во идната 2021 година.
ВМРО-ДПМНЕ преку амандмани на буџетот за 2021 година предлага низа мерки кои сметаме дека се насушно потребни за Охрид и охридско, но и за туризмот во целост, не само во нашиот регион, туку и на ниво на цела Република Македонија.
Во таа насока ги предлагаме следните проекти, односно зголемување на средствата за одредени проекти:
1. Изградба/уредување на градскиот Кеј во Охрид;
2. Отварање на дневни центри за деца и лица со пречки во развојот во Охрид.
3. Креирање на специјалистички едногодишни студии за работа во култура за туристички цели: археологија, етнологија, историја на уметност, историја, реторика, етика и сл. На тој начин би се вратил интересот за овие научни гранки, а туризмот би се збогатил со луѓе кои се компетентни во овие научни теми.
4. Набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по охридското крабрежје;
5. Развој на мобилна апликација Brаnd Macedonia.
6. Поддршка на патувања низ Македонија.
7. Изработка на информациски систем е-визиторс.
8. Дигитализација на царинската управа.
9. Субвенционирање на угостителски капацитети кои би добиле статус зелени хотели/зелени ѕвездички.
10. Евидентирање и промоција на еколошки зони (еко – туризам).
11. Евидентирање и промоција на верски објекти.
12. Изградба на патно поврзување на селото Куратица со Општина Дебарца.
13. Формирање на посебен развоен фонд за туризмот и угостителството;
14. Изградба на катна гаража во Охрид.
15. Реконструкција со надградба и доградба на објектот на НУ Центар за култура Григор Прличев, со цел обезбедување на нов објект наменет за Македонски народен театар.
16. Изградба на велосипедска патека Охрид-Свети Стефан.
17. Изградба на откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во Охрид.
18. Изградба на станови за млади кадри во планските региони (со посебен акцент на инженери) за потребите на извозно ориентираните компании.
19. Формирање на централно тело за јавни набавки.
20. Формирање на посебна Туристичка инспекција или полиција.
Туризмот и Охрид за мене како пратеник од Охрид секогаш се на прво место, но и за ВМРО-ДПМНЕ. Затоа ќе продолжиме да се бориме со сите средства кои ни стојат на располагање.
Оттука, ги повикувам пратениците од владеачкото мнозинство да ги поддржат нашите амандмани и да покажат дека искрено работат и се грижат за потребите на граѓаните, во спротивно по којзнае кој пат ќе докажат дека воопшто не ги интересираат потребите на граѓаните туку само нивните теснопартиски интереси и бизниси.