Почитувани,
Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини, на кои делува Центар за јавно здравје Охрид.
За период од 28 ноември до 04 декември 2020 г.
- Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 236 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
- Од вкупно земените материјали, 93 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 143 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН
- Од вкупно тестираните примероци во сите лаборатории во РСМ во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 438 лица и тоа кај 206 лица од општина Охрид, кај 196 лица од општина Струга и кај 36 лица од општина Дебар.
- Во овој период оздравени се 229 лица од Охрид, 142 лице од Струга и 3 лица од Дебар.
- Во овој период починати се 6 лица од Охрид и 9 лица од општина Струга.
- Активни случаи на 04.12.2020 г. во Охрид се 576, во Струга 480, а во Дебар 132.
Од почетокот на епидемијата до 04 декември 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 3843 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1757 лица во општина Охрид и Дебрца, 1595 лица во општина Струга и Вевчани и 491 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 1178, од Струга се 1040, а од Дебар и Центар Жупа се 344 пациенти
-од општина Охрид и Дебарца има 58 починати пациенти, од општина Струга се починати 97, а од Дебар и Центар Жупа се починати 21 лице
Дозволете да нагласиме дека во овој период коронавирусот е широко распространет, во локална трансмисија и со засилена активност.
Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.
Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:
- ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА
- ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.
- ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ
- ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА
- БРОЈОТ НА КОНТАКТИ ДА СЕ СВЕДЕ НА МИНИМУМ
Бидете одговорни!