ПРВ АСФАЛТЕН СЛОЈ НА УЛИЦАТА „АБАС ЕМИН“

Денеска беше поставен првиот асфалтен слој на дел од коловозот на улицата „Абас Емин“.

Согласно предвидената динамика, претходно во рамки на првата фаза од проектот за реконструкција, на овој потег беше поставена нова атмосферска, фекална и водоводната линија со ископ во длабочина 3,5 метри и ширина 2 метри и беше извршено преприклучување на корисниците. Исто така беа реализирани активности за соодветно тампонирање и поставување на рабници.

Паралелно со асфалтирањето на коловозот, тековно се изведуваат градежните активности за поставување на атмосферската, фекалната и водоводната мрежа на останатиот дел од  улицата.

Според планираното, доколку дозволат временските услови, во текот на овој месец ќе биде поставен асфалт на коловозот, на потегот до пресекот со улицата „Охридска Бригада“.

Увид на денешните градежни работи на оваа улица изврши градоначалникот Константин Георгиески заедно со одговорните во надлежните општински служби.