Вчера во посета на Костал беа Градоначалникот Константин Георгиески , Директорот на Царина Ѓоко Танасоски и Вицепремиерот за економски прашање Фатмир Битиќи.
Оваа компанија и другите компании што ги посетивме создаваат солидно платени работни места и можност за младите да останат во татковината и тука да ја планираат својата иднина, но и имаат голем импакт за раздвижување на локалната економија, користејќи прозводи и услуги од други локални компании“ изјави Битиќи.
Првиот човек на Костал Виктор Мизо изјави дека Костал од следната година ќе креира нови 250 работни места и ќе воспостави нови, најсофистицирани линии за најсовремените производи на Костал на глобално ниво.
Работиме за BMW, Mercedes, Volkswagen, Porsche, Audi, Tesla и Rolls Royce, а од наредната година ќе почнеме да работиме и за Jaguar и Land Rover, што значи дека 80 отсто од нашите клиенти, се премиум производители на автомобили. До крајот на оваа година ќе биде реализирано околу 74-76 отсто од планираното. Поддршката која Владата ја даде, што беше важно не само за Костал, туку и за други компании кои работат во земјата, беше првиот бран на изедначување на царинските тарифи со оние од ЕУ и веќе го гледаме првичниот импакт во месец ноември, кога нашата конкурентност беше значително зголемена“, изјави директорот на компанијата Костал – Виктор Мизо.