Фб статус од Градоначлникот Константин Георгиески :
🚧Инвестициите во сообраќајната инфраструктура се нашиот приоритет.
🆕Во завршна фаза се градежните активности од проектот за реконструкција на улицата „Марко Цепенков“ во населбата „Видобишта“. ✅Деновиве беше поставен завршниот асфалтен слој на коловозот, а претходно се изведуваа работни активности за поставување на нови рабници и поплочување на пешачката патека од едната страна на улицата.
🔜Во текот на наредниот период планирано е поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација.